НАТО со одговор за барањето на Русија за Украина: Нема компромис

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја отфрли опцијата според која Алијансата нема да се прошири во Источна Европа.
Тој на тој начин се спротивстави на главното барање на рускиот претседател Владимир Путин за смирување на тензиите со Украина.

„Нема компромис за основните принципи, вклучително и правото на секоја држава да одлучува по кој пат ќе тргне. Секоја земја има право да избере начин како ќе се брани, односно дали ќе биде дел од безбедносен договор, изјави Столтенберг, пренесе АП.
Поддршката на рускиот предлог за непроширување на исток би значело дека НАТО се откажува од клучниот дел од основачкиот акт.

Според членот 10 од Вашингтонскиот договор од 1949 година, НАТО може да ја покани секоја европска земја која сака да придонесе за безбедноста во северноатлантската област, и која ги исполнува обврските за членство.

Сепак, Столтенберг рече дека руската акумулација на војници во близина на Украина сè уште предизвикува стравувања дека може да има инвазија.

„Гледаме вооружени единици, артилерија, единици подготвени за војна, гледаме воена опрема“, рече тој.

Акумулацијата на армијата, во комбинација со безбедносните барања на Русија, како и неодамнешните настани со Украина и Грузија „испраќаат порака дека постои реален ризик од нов вооружен конфликт во Европа“, додаде Столтенберг.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно денеска изјави дека е важно да се разговара со Русија и дека „ќе разговара повторно со Путин во наредните денови“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство