НАТО планира повеќе трупи на источното крило по руската инвазија врз Русија

Од:

НАТО на денешната средба ќе побара од воените команданти да подготват планови за нови начини за одвраќање на Русија по инвазијата на Москва врз Украина, вклучително и дополнителни трупи и ракетна одбрана во Источна Европа, најавија официјални лица и дипломати.

Министрите за одбрана на земјите-членки ќе разговараат и со украинскиот колега Олексеј Резников, кој се очекува да побара повеќе оружје од поединечни земји на Алијансата додека продолжуваат руските напади врз украинските градови и руската војска се обидува да воспостави контрола над Киев.

– Мораме да ја ресетираме нашата воена способност за оваа нова реалност. Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Најмалку десет земји-членки на Алијансата, меѓу кои САД, Велика Британија и Франција, распоредија поголем број војници, бродови и авиони на источно крило и ги ставија во состојба на готовност. Рускиот претседател Владимир Путин на 27 февруари ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност. Руски проектили погодија украинска база во близина на границата со Полска на 13 март. Полска е земја-членката на Северноатлантската алијанса.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он