НАТО ќе го истражува инцидентот меѓу француски и турски бродови кај Либија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека ќе биде отворена истрага за инцидентот меѓу француски и турски бродови при операција за контрола на ембаргото за оружје во Либија.

„Воените власти на НАТО ќе спроведат истрага со цел да се расветли целата ситуација за инцидентот,“ изјави Столтенберг по состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Француската фрегата „Курбе“ која се наоѓала близу брегот на Либија за контрола на товарен брод за кој се сомневале дека е вмешан во трговија со оружје, според француската министерка за одбрана, на 10 јуни била изложена на три „осветлувања од радар“, односно означување како мета, од страна на една турска фрегата.

Според правилата за ангажирање на НАТО, еден таков акт се смета како непријателски чин. Уште повеќе е неприфатливо дека еден сојузник се однесува на тој начин против брод на НАТО, под команда на НАТО, кој спроведува мисија на НАТО, се вели во Париз.

Анкара од своја страна демантираше дека нејзини воен брод „вознемирувал“ француски воен брод.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо