НАТО ќе бара комуникациски канали кон Русија и покрај шпионскиот спор

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор.

Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија“ меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведуваат дипломатите.

Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот НАТО-Русија.

-Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниското ниво од крајот на Студената војна. За нас, тоа не е причина да немаме дијалог, рече Столтенберг на прес -конференција.

Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине сите активности на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако Алијансата протера осуммина руски дипломати од мисијата заради шпионажа.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски