НАТО испраќа се повеќе оружје во Украина

Од:

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во очекување на можна руска инвазија.

Русија има акумулирано повеќе од 100.000 војници на границата со Украина. Според последниот извештај на украинското Министерство за одбрана, има повеќе од 127.000 припадници на армијата, морнарицата и воздухопловните сили.

Холандскиот министер за одбрана потврди дека земјата ќе испрати два најсовремени борбени авиони Ф-35 во Бугарија, заедно со придружниот персонал. Шпанскиот министер за одбрана рече дека ќе испрати воен брод и борбени авиони во Црното Море како дел од напорите на НАТО.

Но, членките на НАТО испраќаат оружје директно во Украина со цел да се одврати потенцијалната руска инвазија, но и да се зајакнат одбранбените капацитети на Украина.

Лесно противтенковско оружје веќе пристигнало во Украина од Обединетото Кралство, потврди во вторникот украинскиот министер за одбрана. Чешката Република планира да донира муниција за топови од 152 милиметри во наредните денови, потврди во петокот чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.

Германското Министерство за одбрана потврди дека ќе испрати целосно опремена теренска болница во Украина. Германија се воздржува од извоз на оружје во кризни подрачја од Втората светска војна, но германскиот министер за надворешни работи на почетокот на неделава изјави дека „сите опции се на маса“ во случај на натамошна руска агресија врз Украина.

Американците испратија „смртоносно оружје“ во Украина, велат дека ова е само прва пратка

Вчера во Киев пристигна првата пратка од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари, соопшти американската амбасада.

Во соопштението се наведува дека пратката содржи „смртоносна безбедносна помош и муниција наменета за украинските бранители“. Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски завчера преку твит му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидена дипломатска и воена помош“.

Соединетите Држави беа ангажирани во последниве недели во дипломатски активности со Русија за украинското прашање. Западните земји стравуваат дека Москва планира нов напад врз Украина, која ја нападна во 2014 година и го анектира Крим. Русија го негира ова, но вели дека може да преземе неодредена воена акција доколку не и се исполнат безбедносните барања.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски