НАТО испраќа дополнителни сили во базите во Источна Европа и во балтичкиот регион

Од:

НАТО сојузниците ги ставаат армиите на повисок степен на подготвеност и испраќаат дополнителни сили во базите во Источна Европа како зајакнување на силите на одбрана во период кога Русија продолжува да акумилира војска околу Украина информира Алијансата.

Во претходниот период членките на Североалтнтската алијанса објавија информации за претстојното прераспоредување на силите.

– Данска испраќа фрегата во Балтичкото Море и е подготвена да испрати четири авиони Ф16 во Литванија, како поддршка на мисијата на НАТО во регионот. Шпанија ќе испрати бродови да им се приклучат на поморските сили на НАТО и размислува да испрати борбени авиони во Бугарија. Франција ја изрази својата подготвеност да испрати војници во Романија под команда на НАТО. Холандија ќе испрати два авиона Ф35 во Бугарија од април за да им помогне на активностите на НАТО во регионот и ќе ги стави бродот и копнените единици во подготвеност.Соединетите Држави, исто така, информираа дека размислуваат за зголемување на своето воено присуство на источниот дел на алијансата, се вели во соопштението на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека ги поздравува напорите на сојузниците да ѝ стават на располагање дополнителни трупи на алијансата.

„НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, истовремено зајакнувајќи го источниот дел на алијансата“ – рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО