НАТО и порача на Русија дека не може да победи во нуклеарна војна

Од:

Москва мора да знае дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не треба да се води, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, во вторникот издаде ново нуклеарно предупредување до Украина и Западот, откако Русија почна да ги објавува резултатите од референдумите одржани како дел од подготовките за анексија на четири украински региони.

Нуклеарното предупредување издадено од Медведев, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, е едно од неколкуте издадени од Путин и неговите соработници во последните недели.

Сепак, предупредувањето на Медведев се разликува од претходните по тоа што тој за прв пат предвиде дека НАТО нема да ризикува нуклеарна војна и директно да се вклучи во конфликтот во Украина, дури и ако Москва ја нападне Украина со нуклеарно оружје.

„Верувам дека НАТО нема директно да интервенира во конфликтот, дури и во ова сценарио. Демагозите преку океанот и во Европа нема да загинат во нуклеарна катастрофа“, напиша тој во објавата на Телеграм.

Аналитичарите велат дека предупредувањата имаат за цел да ги одвратат Украина и Западот со сигнализирање на подготвеност за употреба на тактичко нуклеарно оружје за одбрана на припоените територии, додека руските сили со недели се соочуваат со силни украински контранапади.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина