Насилство на демонстрации во југоисточниот дел на Иран

Од:

Иранските безбедносни сили употребија боева муниција и солзавец во судирите со демонстрантите во југоисточниот дел на земјата, пренесе ДПА.

Во градот Захедан во провинцијата Систан и Балучестан на протестите денеска излегоа голем број луѓе.

Многу продавници во градот наводно биле затворени поради страв од немири.

На 30 септември, десетици демонстранти беа убиени во Захедан во судир кој стана познат како „крвавиот петок“.

Откако избувна насилството пред околу седум недели, смртта на неколку млади демонстранти доведе до циклус на насилство, при што демонстрантите излегуваат на улиците на крајот на вообичаената 40-дневна жалост, а потоа повторно се судираат со полицијата.

Влијателниот сунитски свештеник во покраината, Маулави Абдулхамид, неодамна ги критикуваше постапките на политичкото раководство во мнозинската шиитска Исламска Република.

Се вели дека други локални свештеници го следеле неговиот курс. Проповедникот неодамна дури повика на референдум за барањата на демонстрантите.

Протестите во Иран беа поттикнати од смртта на 22-годишната Махса Амини која почина во болница откако беше приведена од полицијата за морал поради „несоодветна облека“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски