НАСА: Група земји потпишаа договор за истражување на вселената

Од:

Група од осум земји предводени од САД потпишаа договори со кои се утврдуваат правилата за истражување на вселената, објави американската вселенска агенција НАСА.

Во мај, НАСА поттикна глобална дебата за основните принципи на животот и работата на луѓето на Месечината, истакнувајќи ги, како што рекоа, основните правила на идниот меѓународен сојуз за истражување на Месечината, наречена Артемис Спогодби (Artemis Accords).

Договорите го добија името по програмата на НАСА за слетување астронаути на Месечината до 2024 година, а вчера ги потпишаа Австралија, Велика Британија, Канада, Јапонија, Луксембург, Италија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), заедно со САД.

Договорите Артемис треба да и овозможат на американската агенција да обезбеди услови со меѓународни партнери за одржливо истражување на површината на Месечината до 2028 година, што треба да биде отскочна даска за првата човечка мисија на Марс.

Принципите утврдени во договорите треба да гарантираат прифаќање на правилата за безбедно работење, употреба на вселенски ресурси, минимизирање на отпадот во орбитата на Земјата и размена на научни податоци.

Кина и Русија, истакнати светски сили во истражувањето на вселената, не се меѓу потписниците на договорот, за кој НАСА се надева дека ќе пристапат и други земји.

Во НАСА тврдат дека договорите ќе помогнат да се избегнат конфликти во вселената и на Земјата преку зајакнување на разбирањето и борба против погрешните перцепции.

Во септември тие најавија дека ќе им плаќаат на рударските компании за извлекување руди и материјали на Месечината, тврдејќи дека плановите нема да го нарушат меѓународниот договор од 1967 година, според кој државите не можат да бараат сопственост на небесните тела и вселената.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата

Ана Ололовска

Новиот тоалет на Меѓународната вселенска станица чини 23 милиони долари

Ана Ололовска

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

А1он

НАСА го објави планот за испраќање на првата жена на Месечината

Ана Ололовска

НАСА: Испраќањето луѓе на Месечината ќе чини 28 милијарди долари

Ана Ололовска

НАСА ќе купува Месечев прав од приватните компании

Ана Ололовска