Напуштено бебе најдено на аеродром во Катар – властите симнале 13 Австралијанки од авион, барајќи ја мајката

Од:

Австралија денеска ги осуди катарските власти поради постапувањето кон 13 патнички на лет за Сиднеј, кои биле изложени на детален преглед како би се утврдило дали се поврзани со новороденче кое било пронајдено во еден од тоалетите на аеродромот во Доха.

13-те австралиски државјанки, патнички на летот 908 за Сиднеј, поминале низ детален медицински преглед на аеродромот Хамад, а летот поради тоа бил одложен.

Министерството за надворешни работи на Австралија го опишува постапувањето на катарските власти како недолично.

„Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш во животот не сум слушнала за таков случај. Им го пренесовме недвосмислено нашиот став на катарските власти,“ изјави австралиската шефица на дипломатијата Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекуваат детален извештај на властите во Доха, врз чија основа ќе одлучат за следните чекори.

Откако пристигнале во Австралија, патничките од летот биле ставени во карантин, каде ја добиваат неопходната нега и психијатриска помош, пишуваат австралиските медиуми.

Инаку, новороденчето и покрај деталниот преглед на жените од Австралија, не било идентификувано и им е предадено на надлежните медицински и социјални служби, соопштија надлежните на аеродромот во Доха.

Би можело да ве интересира

Австралиска авиокомпанија ќе бара од патниците да се вакцинираат против коронавирус

Ана Ололовска

Австралија: Осма жртва на напад на ајкули оваа година

Строго шестдневно затворање стапи на сила во Јужна Австралија

Ана Ололовска

Австралиски војници осомничени за убиство на мештани во Авганистан

Ана Ололовска

Австралија една недела без заразен од коронавирус

Ана Ололовска

Во Австралија уапсени 14 лица за злоупотреба на деца преку Интернет

Ана Ололовска