ВИДЕО: Напнатост на плоштадот Таксим во Истанбул

Од:

Турската полиција навлезе во реонот на плоштадот Таксим во Истанбул каде веќе две недели се одржуваат демонстрации против плановите за реконструкција на околниот парк Гези.

Неколку стотици полицајци од силите за брза реакција беа доведени на плоштадот со дваесет автобуси. Во реонот се чувствуваат тензии.

Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, меѓутоа, изјави дека целта на операцијата е да се симнат плакатите од културниот центар Ататурк и од споменикот на Ататурк на плоштадот.

Претходно, турски телевизии објавија дека полицајците опремени со заштитни панцири се подготвуваат да ги растурат барикадите на демонстрантите кои кампуваат во реонот.

Полицајците преку мегафони уверуваат дека немаат намера да извршуваат интервенција.

– Акциите на полицијата не се насочени кон паркот Гези и Таксим, изјави градоначалникот на Истанбул додавајќи дека од утрово полицајците почнуваат да ја расчистуваат зградата на културниот центар и на споменикот од фотогарфии и плакати.

Демонстрантите зазеле позиции до барикадите и се подготвуваат за можна интервенција на полицијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски