Напаѓачот од Ница официјално обвинет за терористичко убиство

Од:

Сè уште хоспитализиран, Брахим Ауисауи, извршител на терористичкиот напад во базиликата Ница, беше сослушан од еден истражен судија одговорен за предметот, по што официјално беше обвинет за терористичко убиство и упатен во притвор.

Брахим Ауисауи, 21-годишен Тунижанец кој уби еден маж и две жени со нож на 29 октомври во базиликата во Ница, е обвинет за терористичко убиство и притворен, објави националното анти-терористичко обвинителство во соопштението за печатот.

Ауисауи, беше сериозно повреден за време на апсењето и беше позитивен на коронавирусот. Тој на почетокот на ноември беше пренесен од болница во Ница во медицинска установа во регионот на Париз. Неговата здравствена состојба е подобрена, дозволувајќи му сослушување од истражен судија за борба против тероризам, кој по денешната процедура, официјално го обвини.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право