Напаѓачот од Манчестер сакал да ја одмазди смртта на негов другар

Од:

Близок пријател на семејството на Салман Абеди, кој е осомничен за нападот во Манчестер, тврди дека минатата година тој изјавил дека сака одмазда поради убиството на негов другар од страна на Англичани.

Тој исто така наведе дека другарот на Абеди починал откако група британски момчиња го избоделе со нож во мај 2016 година во Манчестер. Ним се уште им се суди.

– Успеавме да ги смириме младите лица во населбите кои веруваа дека тие се мета на нападот, бидејќи се муслимани. Но, изгледа Салман не го заборави инцидентот, посочи неименуваниот извор.

Тој тврди дека лично разговарал со Абеди и се обидувал да го убеди дека нападот што го планира е кривично дело.

Неименувани извори од истрагата тврдат дека Абеди, кој по потекло е од Либија, најверојатно сам ја изработил бомбата.

– Акцентот се уште е ставен на потрага по соучесници и мрежа, но можно е тој и сам да ја изработил бомбата, посочи неименуваниот извор.

Во нападот во Манчестер, за кој одговорност презеде групата Исламска држава, загинаа 22 лица, а 116 беа повредени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме беснее во Британија: Торнадо го погоди Манчестер

Гарначо и Рашфорд го покорија Лидс за второ место на Јунајтед

Аеродромот во Манчестер затворен поради обилните снежни врнежи

Горан Наумовски

Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

А1он

Солскјер: Морав да сменам многу во Јунајтед по Мурињо

Ландов

Аријана Гранде ги посети повредените фанови во болница во Манчестер

Наум Локоски