Напаѓачот од Лас Вегас поседувал вкупно 42 парчиња огнено оружје

Од:

Во хотелската соба на Стивен Падок, кој вчера во Лас Вегас уби најмалку 59 лица, пронајдени се 23 парчиња огнено оружје од различни калибри, вклучувајќи автомати, и уште 19 во неговиот дом во Мескит, Невада – многу повеќе отколку што претходно беше соопштено.

Според истражните органи, Падок дејствувал сам. Тој извршил самоубиство кога Силите за брза реакција ја разнесоа вратата од неговата хотелска соба.

Шерифот на Лас Вегас Џозеф Ломбардо изјави дека оружјето пронајдено во хотелската соба, веројатно било пренесено во повеќе од 10 куфери. Некои пушки беа со оптички нишани. Во автомобилот на напаѓачот е пронајден амониум нитрат, што може да се употреби за изработка на експлозивни направи.

Во домот на напаѓачот во Мескит, освен 19-те парчиња огнено оружје, пронајдени се и илјадници куршуми, како и експлозиви.

ФБИ ја отфрли верзијата дека станува збор за џихадистички напад, иако терористичката Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот. ИД тврди дека Падок го прифатил исламот пред неколку месеци и во своeто соопштение наведуваат дека неговото име сега е Абу Абдул бар ал-Амрики.

– Во оваа фаза, ние немаме утврдено никаква поврзаност со меѓународна терористичка организација, изјави агентот на ФБИ Арон Рауз.

– Истражителите не најдоа никакви текстови или пораки, изјави Ломбардо, кој го нарече сторителот „осамен волк”.

Ерик Педок, изјави дека неговиот брат Стивен бил мултимилионер, кој многу пари заработил со вложување во недвижнини, а долги години работел како сметководител.

Ерик Педок изјави дека не знае дали неговиот брат имал финансиски потешкотии и покрај тоа што многу пари трошел во казината,

– Одеше на крстарење и се коцкаше, посочи Ерик Педок, додавајќи оти неговиот брат никогаш не бил насилен.

Тој тврди и дека Стивен не бил заинтересиран ниту за религија ниту за политика.

Би можело да ве интересира

Лас Вегас: Три жени се пронајдени мртви во два одвоени апартмани, осомничениот е убиен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Збеснат криминалец ја прескокна клупата и ја истепа судијката

Катерина Ѓуровски

Хакери го нападнаа Лас Вегас

„Мафијашкото“ езеро кај Лас Вегас се повлекува поради сушата, се појавуваат тела

(ВИДЕО) Четворица загинати при судир на два авиона во Лас Вегас

Горан Наумовски

Почина и Зигфрид од славниот магионичарски двоец „Зигфрид и Рој“

Жарко Настоски