Напаѓачот од Крајстчрч се изјасни за невин

Од:

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во март годинава, денеска пред Судот се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.

Тарант, кој со Судот во Крајстчрч комуницираше преку видео линк, за секоја од точките од обвинението се изјаснуваше преку неговите адвокати.

Следното рочиште против Тарант е закажено за 16 август, до кога и му е продолжен притворот.

Тарант ги изврши нападот на 15 март кога со полуавтоматско оружје пукаше врз муслиманските верници кои се молеа во две џамии во Крајстчрч. Целиот напад тој директно го пренесуваше на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов