Напаѓачот од Крајстчрч на првото судско рочиште присуствуваше преку видео-линк

Од:

Во Високиот суд во Крајстчрч почна првото рочиште за Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во градот Крајстчрч, во Нов Зеланд, во кој беа убиени 50 лица, а исто толку беа повредени, јави агенцијата Анадолија.

Според веста на радио „Нов Зеланд“, 28-годишниот Тарант, кој моментално се наоѓа во самица во најстрогиот затвор во земјата „Окленд“, на денешната расправа присуствуваше од самицата преку видео-линк. Тој носел сива униформа, а на рацете имал лисици

Покрај муслиманите во земјата, голем интерес за судењето покажаа и високи полициски функционери и новинари од различни земји во светот.

Како што јави радиото, Тарант на судењето бил смирен, а за време на судењето полицијата презела мерки надвор од судот. Тој можел да ги види судиите и адвокатите, но не можел да ги види другите лица што го следење судењето.

Судијата од Високиот суд во Крајстчрч, Камерон Мендер, пресуди притворот за Тарант кој кривично ќе биде гонет за 50 убиства и 39 обиди за убиство, до 14 јуни да продолжи во затворот „Окленд“.

Со цел да одлучи дали терористот е подготвен за судење, Мендер побара два одделни извештаи за неговото ментално здравје и истакна дека извештаите за менталното здравје се нормална процедура, и тоа не треба да се толкува на друг начин.

На 15 март, Тарант влезе во џамијата Ал Нор околу 13:30 по локално време, кога се одржауваа попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Тој испука повеќе од 100 куршуми, само во џамијата. Со себе имал најмалку шест пушки. Напаѓачот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот. Триесет и шест минути по првата дојава за нападот, Тарант е уапсен во возило каде што, според полицијата, имало импровизирани експлозивни направи.

Нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го опиша како терористички чин, е најголемото злосторство во мирнодопската историја на Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Неколку лица загинаа во автобуска несреќа во Нов Зеланд

Ана Ололовска

Претседателот на Претставничкиот дом на Нов Зеланд водеше седница и хранеше бебе

По огромниот папагал, на Нов Зеланд пронајден и џиновски пингвин

А1он

По Крајстчрч, Новозеланѓаните предадоа повеќе од 10 илјади парчиња оружје

ВИДЕО: Силна експлозија во Крајстчрч, евакуирани жители

Ана Ололовска

Првата акција за откуп на оружје е организирана во Крајстчрч

Ана Ололовска