Напаѓачи пукаа во наргиле-бар во Штутгарт

Од:

Неидентификувани напаѓачи пукале кон прозорците на наргиле-бар во Штутгарт, јави ДПА, повикувајќи се на полициски портпарол. Во инцидентот нема жртви.

Вработен во барот ги забележал штетите вчера попладне. Според истрагата, во тоа време немало луѓе во зградата. Сторителот или сторителите пукале вкупно во два прозорци во зградата, во која има и фитнес салон.

Не е познато какво оружје е користено. Пред само неколку дена во градот Ханау, 43-годишен Германец застрела 9 лица со странско потекло, напаѓајќи баровите, каде што се користи наргиле, потсетува ДПА. Тој подоцна ја уби својата мајка и се самоуби. За него се смета дека дејствувал со расистички мотиви.

Би можело да ве интересира

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија-патниците биле средношколци

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим