Напаѓачи фрлиле молотов коктел кон институт за инфективни болести во Берлин

Од:

Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронавирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.

Напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не бил повреден.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.

Медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт, Роберт Кох, Лотар Вилер, кој рече дека постојат два клучни фактори што го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеата и разговорите.

„Онаму каде што луѓето разговараат и се смеат во мал простор, постои голема опасност од пренесување на заразата“, рече вчера Вилер.

Би можело да ве интересира

Откриени два случаи на варијанта Омикрон во Британија

Ана Ололовска

Што е засега познато за новата варијанта на коронавирусот – Омикрон

Ана Ололовска

Омикрон варијантата на коронавирус пристигна во Германија

Ана Ололовска

Јапонија: Во дополнителниот буџет за 2021 година 163 милијарди долари се за борба против коронавирусот

Ана Ололовска

Фајзер: Новите вакцини ќе бидат готови за 100 дена ако варијантата Омикрон е отпорна на сегашните

Ана Ололовска

СЗО го класифицираше новиот сој коронавирус како загрижувачки и високо пренослив

Ана Ололовска