Напад со нож во Кина, повредени околу 40 деца и возрасни

Од:

Најмалку 40 лица се повредени утринава во напад со нож во основно училиште во јужниот дел на Кина, објавија локалните медиуми.

Нападот се случил во училиште во градот Вужоу во автономниот регион Гуангкси, објави весникот „Глобал тајмс“ на Твитер.

Осомничениот е 50-годишен маж, кој работел како чувар во училиштето, пренесуваат кинеските државни медиуми. Тој е приведен од полицијата и засега не е позната причината за нападот.

Според наводите на локалната влада, 37 деца и неколкумина возрасни лица се здобиле со повреди од различен степен. Меѓу повредените е и директорот на училиштето и еден припадник на обезбедувањето. Кинеската телевизија ЦЦТВ објави дека тројца од повредените се наоѓаат во тешка состојба.

Би можело да ве интересира

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски