Напад со натриум-хидроксид во кинеска градинка, повредени 51 дете

Од:

Најмалку 51 дете и тројца воспитувачи се повредени во градинка во југозападна Кина, откако напаѓач ги испрскал со натриум-хидроксид. Две лица се тешко повредени.

Според кинеската новинска агенција Синхуа, инцидентот се случил вчера попладне по локално време, во провинцијата Јунан.

Напаѓачот (23), идентификуван како Конг, уапсен е еден час по нападот. Полицијата соопшти дека со овој напад тој сакал да се „одмазди на општеството“.

Натриум-хидроксид, познат и како „каустична сода“ или „камена сод“’, се користи за производство на голем број производи, меѓу кои и сапун, хартија и различни бои. Изложеноста на „камена сода“ може да доведе до изгореници или иритација на очите и кожата, а можни се и алергиски реакции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката