Напад на аеродром во Карачи, 23 жртви

Од:

Опсадата на аеродромот Карачи се уште трае, иако официјални лица рано утрово рекоа дека е завршена, а во судирите настрадале најмалку 23 лица пренесе „ВВС“.

Портпаролот на пакистанската војска, генерал мајот Асим Бајва околу 02 часот прогласил крај на шестчасовната операција, која што започна откако екстремисти го зазедоа најпрометниот аеродром во Пакистан, пренесуваат агенциите. Меѓутоа околу шест часот утрово повторно се слушнале пукотници, а странските медиуми пренесуваат дека на аеродромот се наоѓаат барем уште тројца екстремисти.

Според неофицијални информации, меѓу жртвите има десет напаѓачи, додека од преостанатите 13 загинати, повеќето се работници од обезбедувањето на аеродромот.

Бајва вели дека во тек на пресметката, не се оштетени авиони и дека пламенот кој се гледа на снимките е од запалените згради.

Инцидентот започна откако вооружена и добро обучена група синоќа го нападна терминалот кој се користи за специјални ВИП летови и карго на меѓународниот аеродром Џихан во Карачи.

Е. Г.