Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни служби на ЈП „Македонијапат“.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 100 метри на Страцин, од 100 – 150 метри на патниот правец Неготино – Радовиш, до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Од утре времен сообраќаен режим на булеварот Крсте Мисирков

Казнети над 200 возачи синоќа во Скопје

На Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Татјана Ташкова

На Богородица и Табановце се чека од 30 до 45 минути

Татјана Ташкова

Вчера казнети повеќе од 130 возачи

На Богородица и на Табановце се чека до 45 минути