Намален степенот на закана од можен терористички напад во Брисел

Од:

Координативното тело за анализа на закани (ОЦАМ) на Кралството Белгија, вчера го намали степенот на закана од можен терористички напад во Брисел од највисокиот четврти на трети степен, што останува за целата држава. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, премиерот Шарл Мишел, синоќа одржа прес-конференција по состанокот на Советот за национална безбедност кој ја потврди оваа одлука, која, сепак, значи дека „заканата останува сериозна, но непосредноста од напад е помалку присутна”.

Соодветно на оваа одлука, претседателот на Владата на Белгија посочи дека остануваат препорачанитемерки од страна на Кризниот центар, а тоа е одржување на военото и полициско присуство во регионот на главниот град и на други делови од државата додека трае процесот на прогресивна адаптација. Исто така, во однос на големите настани што ќе треба да се одржуваат, ќе се прави анализа на нивно поништување или не, додека бриселскиот метро од утринава работи со целосен капацитет.

– Она што е важно не е бројот. Ова се причините што ОЦАМ ги претстави на Советот за национална безбедност, а кои претходно ги преиспита и Кризниот центар. Анализите и информациите може да се променат во час, бидејќи ситуацијата со која се соочуваме е се уште сериозна – истакна премиерот Мишел.

Повеќето од градоначалниците на 19-те општини во Брисел плус градот Вилворд останаа многу скептични по намалувањето на степенот на закана. Градоначалникот на елитната општина Волуве-Сен Ламбер, Беноа Креш, истакна дека се надева дека новата проценка на ОЦАМ е врз основа на вистински веродостојни информации.

– Јас сум уште малку збунет, бидејќи највисокиот стпеен на закана, Ниво 4 прогласивме да вжаи до понеделник наутро. Што се промени денес? Ние имаме право на одредена количина на информации. Ова е позитивна вест, но истата покренува голем број на прашања – вели градоначалникот Креш.

Она од што се зачудени белгиските медиуми е дека Владата го намали степенот на закана од тероризам, иако од канцеларијата на Федералното обвинителство потврдиле дека доказите што ги поседуваат, покажале дека досегашната истрага не резултирала со нови елементи.

Најбараниот терорист во Европа, Салах Абдеслам, кој учествуваше во нападите во париз на 13-ти овој месец, се уште не е пронајден, а не е уапсено ниту едно од дестта најбарани лица за кои претходно вицепремиерот Дидие Рејндерс објави дека имаат “тешко вооружување” и дека дел од нив носат елеци со бомби за да се саморазнесат некаде во Брисел.

Би можело да ве интересира

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски