Намален бројот на жртви во сообраќајки во ЕУ, делумно поради Ковид-19

Од:

Европската Комисија ги соопшти статистиките за сообраќајна безбедност за 2020 година, тие бележат пад кој сепак се должи делумно на пандемијата и рестриктивните мерки, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Во текот на 2020 година, 18.800 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа во ЕУ, што претставува намалување „без преседан“ од 17 отсто во споредба со 2019 година, покажува последната статистика на Европската Комисија.

Како што забележува и самата институција оваа бројка се должи во голем дел на фактот што рестриктивните мерки против Ковид-19 значително го ограничија движењето на луѓето минатата година. Европската Комисија истакнува дека не смеат да има напуштање во напорите за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Амбицијата на Европската Комисија е до 2050 година да достигне нула смртни случаи и нула тешки повреди на патиштата.

Како што покажува извештајот објавен денеска најсмртоносни се сообраќајките помеѓу автомобили и камиони, а земјите членки треба да ја засилат безбедноста на пешаците и велосипедистите, согласно директивата на ЕУ за управување со безбедноста на патните инфраструктури.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски