Највисоката зграда на светот засега останува приказ

Од:

Ќе биде ли новата највисока зграда во светот, која се очекуваше да биде изградена за 90 дена само еден приказ, пишува Фактор?

Облакодерот Sky City со 220 ката во Чангша, во кинеската провинција Хунан, требаше веќе да биде завршен, но во моментов не се започнати ни градежните работи за ископување на заемјиштето. Пренесуваат кинеските медиуми.

Компанијата Developer Broad Group, која стои зад проектот, ги обвинува властите за доцнењето на почетокот ан изградбата, тврдејќи дека “се уште чекаат дозвола за изградба”.

Сепак, според кинеските медиуми има информации дека изградбата доцни поради проблеми поврзани со безбедноста и инженеринг активностите околу проектот, поради кои компанијата неможе да добие одобрение за градба.

Broad Sustainable Building Co Ltd, требаше да почне со изградба на облакодерот уште минатиот ноември.

Џулиет Џанг, виш потпретседател на Broad Sustainable Building, во изјава за кинеските медиуми вели дека во моментов нема напредок и дека компанијата се уште чека одобрување од властите.

Би можело да ве интересира

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

Врховен потврди: Зградата на ССМ е одземена по пресуда во корист на државата

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски на страната на синдикатот: „Да им се врати зградата на ССМ“

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Се урна зграда во Русија, има мртви и исчезнати

Горан Наумовски

Општина Карпош не се откажува од постапката да се изгради 12-катница кај Кино Влае

Орце Костов