Најстариот судија во Врховниот суд на САД, Стивен Брејер, заминува во пензија

Од:

Стивен Брејер, најстариот судија во Врховниот суд на САД, ќе замине во пензија на крајот од мандатот на актуелниот состав на судот, соопштија извори блиски на судијата, јави Вашингтон пост

Познавачите велат ова ќе му даде шанса на претседателот Бајден да го засили либералното крило во судот, кое е во малцинство, и да го реализира своето ветување за првпат во историјата да биде номинирана жена со афроамериканско потекло.

Брејер (83) е настариот судија во Врховниот суд и е под голем притисок да замине во пензија, во време кога демократите имаат тенко мнозинство во Сенатот, инстотуцијата што ја потврдува номинацијата на судиите во Врховниот суд.

Дури и да биде заменет, номинираниот или номинираната во негова замена нема да го намали конзервативното мнозинство во судот. Брејер е еден од тројцата либерални судии, но новиот наследник ќе биде помлад и од поголема корист за останатите двајца.

Врховниот суд на САД е составен од вкупно девет судии. Актуелниот мандат му завршува кон крајот на јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама