Најстариот белоруски весник е забранет како екстремистички

Од:

Најстариот белоруски весник „Наша нива“ вчера е забранет на 115-годишнината од објавувањето, како најнов потег на белоруските власти да ги потиснат независните медиуми.

Окружниот суд во Минск го забрани весникот „Наша нива“ како екстремистички и постапи по барање на Министерството за информации.

Според таа одлука, секој што ќе објави или пренесе содржина на весникот Наша Нива може да добие затворска казна до седум години.

Белоруските власти го блокираа онлајн весникот во јули и ги уапсија главниот уредник Јахор Мачинович и новинарот Андреј Скурко, кои сè уште се во притвор.

Вкупно 29 белоруски новинари се во притвор каде или издржуваат казна или чекаат судење.

Повеќето од другите новинари на весникот ја напуштија земјата и продолжуваат да објавуваат онлајн, менувајќи ги домените за да избегнат блокирање.

– Властите продолжуваат да ги уништуваат белоруските независни медиуми, нарекувајќи ги сите екстремисти, изјави Андреј Бастунец, шеф на белоруското здружение на новинари.

– Ситуацијата во Белорусија е полоша отколку во Куба или Иран и се приближува до стандардите на Северна Кореја, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски