Најсмртоносен ден во Австралија од избувнувањето на пандемијата

Од:

Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број на нови инфекции.

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надмина претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

Од оние кои починале во Нов Јужен Велс, 33 примиле две дози од вакцината. Надлежните велат дека повеќето пациенти на интензивна нега се заразени со сојот омикрон, а невакцинираните млади луѓе сочинуваат значителен број.

Државата Квинсленд објави дека ниту еден од денешните 16 смртни случаи во таа држава не добил дополнителна доза од вакцината.

Би можело да ве интересира

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј