Најсеверните делови од Европа погодени од топол бран

Од:

По најтоплиот месец јуни во историјата на метеоролошката статистика во Финска и некои делови на Шведска, температурите на воздухот од неделата се граничат со апсолутни рекорди во северниот дел на Европа. Температурите таму варираат од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во Кево, на крајниот север од Финска, измерени се 33,5 степени Целзиусови. Тоа е највисока температура забележана во овој дел од земјата, од 1914 година кога рекордната температура изнесуваше 34,7 степени Целзиусови.

На национално ниво, јуни беше најтопол месец во Финска од 1844 година, а просечната температура беше 16,5 степени Целзиусови.

Во соседна Шведска, јуни повторно беше најтопол месец, а во Стокхолм просечната температура изнесуваше 19,3 степени Целзиусови, со што беа надминати рекордните температури од 2018 и 2019 година. На национално ниво, јуни 2021 година беше третиот најтопол месец јуни од кога се водат ваквите статистички податоци.

Во Норвешка, вчера во Салтдал, округ во близина на Арктикот беа регистрирани 34 степени Целзиусови. Тоа е највисоката температура пријавена во земјата од почетокот на годинава, што е за 1,6 степени пониска од апсолутниот национален рекорд.

„Тропски ноќи“ се регистрирани во многу делови на Норвешка, односно температурите не се спуштија под 20 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски