Најмоќното руско оружје е на фронтот: Невозможно е да се преживее „солнцепек“

Од:

Руските тешки повеќецевни ракетни фрлачи „Солнцепек“ уништуваат се што им се наоѓа на патот, вклучително и утврдувањата на Вооружените сили на Украина.

Ова го изјавија украинските војници во интервју за весникот „Страна.уа“.

„Речиси е невозможно да се преживее „солнцепек“, без разлика колку длабоко копате. Гори се што е можно“, рече еден од војниците.

Како што се наведува во написот, надмоќта на руската артилерија негативно се одразила на положбата на киевските сили кај Артјомовск, кои биле отсечени од повеќето патишта кои водат кон градот.

Претходно, советникот на вршителот на должноста шеф на ДНР, Јан Гагин, објави дека Артјомовск е практично блокиран, а руските сили веќе контролираат 70 отсто од градот.

Би можело да ве интересира

Украина: Киевските сили се во офанзива во некои области

Проукраински Руси: Убивме руски полковник, убиваше цивили и во Југославија

Резников: Авиони Ф-16 нема да ги користиме во контраофанзивата против руските сили летово

Лажeн говор на Путин емитуван на руско радио: „Украинците ја минаа границата, тие се посилни“

Кулеба: Украина има доволно оружје за да започне контраофанзива

(ВИДЕО) Украина има мрежа на агенти и саботери во Русија, им дава напаѓачки дронови

Горан Наумовски