Најмалку тројца загинати во нападот на Хутите врз ОАЕ

Од:

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени при еден од двата напада на јеменските бунтовници Хутите врз Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

Претходно, властите на ОАЕ пријавија два пожара во Абу Даби најверојатно предизвикани од беспилотни летала.

Полицијата во главниот град на ОАЕ, Абу Даби соопшти дека три камиони цистерни експлодирале во индустриската област во близина на складиштата на нафтената компанија АДНОЦ (ADNOC), како и дека имало пожар на градилиштето на Меѓународниот аеродром во Абу Даби.

Портпаролот на Хутите изјави дека групата покренала операција против ОАЕ.

Јемен е најсиромашна арапска земја, во која од 2015 година има граѓанска војна. Во конфликтот досега загинаа над 100 илјади луѓе, инфраструктурата е уништена и се создаде најголемата хуманитарна криза во светот. Во конфликтот во Јемен, Хутите, кои се шиитска секта, го контролираат главниот град Сана и голем дел од северот и западот на земјата, додека јеменската Владата има поддршка од Саудиска Арабија, а постојат и сецесионистички движења на југот на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Хутите нападнаа британски танкер во Црвеното Море

А1он