Најмалку седуммина загинати во експлозија на автомобил-бомба во Кабул

Од:

Најмалку седум лица загинаа утринава, а уште најмалку седуммина други се повредени, во експлозија на автомобил-бомба во авганистанската престолнина Кабул, во текот на утринскиот сообраќаен пик, соопштија официјални претставници, пренесе ДПА.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека се уште не е познато кој бил цел на нападот и доддаде дека истрагата е во тек.

Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако во Кабул се активни талибанците и Исламска држава и двете групи во минатото преземаа одговорност за претходни вакви напади, наведуваат американските медиуми.

Светските агеници наведуваат дека од местото на нападот се крева густ чад во воздухот.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан