Најмалку седуммина загинати, од кои две деца при ракетен напад врз Киев

Од:

Украинската полиција соопшти дека во денешниот напад врз киевскиот регион загинале најмалку седум луѓе, од кои две деца.

Ракетниот напад се случи во рурално станбена област Маркхаливка, во регионот на Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко им се обрати на сограѓаните преку видеоснимка и им порача дека градот е подготвен да се брани од непријателски напад.

– Пријатели! Ја зајакнавме одбраната на Киев, подготвени сме да се одбраниме во случај на непријателски напад. Денеска поминав низ неколку контролни пунктови поставени за одбрана на градот. Војниците, бранителите, полицијата и другите безбедносни сили се подготвени и ќе го брани главниот град, срцето на Украина, истакна Кличко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он