Најмалку седум лица загинаа во торнадо во САД

Од:

Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија.

Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.

Моќното торнадо оштети меѓу 40 и 50 станбени згради. Градот Селма е особено тешко погоден од торнадото.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Торнадо го погоди јужниот дел на САД, загинаа седум лица

(ВИДЕО) Торнадо ги зафати Алабама и Кентаки, уништени куќи и далноводи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Апокалиптични снимки ги преплавија мрежите: Силно торнадо корнеше дрвја и преврте возила, луѓето во паника

А1он

ВИДЕО: Торнадо во близина на плажите на Халкидики

Катерина Павлова-Николовска

Силно торнадо го погоди Њу Орлеанс

А1он

ВИДЕО: Шест жртви, од нив две деца во торнадо во САД