Најмалку петмина вработени во „Спејс Икс“ добиле отказ поради што го критикувале Маск

Од:

Њујорк тајмс објави дека најмалку пет вработени во „Спејс Икс“ (SpaceX) добиле отказ откако во јавно писмо го критикувале однесувањето на извршниот директор на компанијата, Илон Маск.

Во писмото, што за ден и половина го потпишале 400 вработени, се наведува дека однесувањето на Маск често предизвикува непријатност и го одвлекува вниманието за вработените. Во писмото се бара компанијата јавно да се обрати и да го осуди однесувањето на Маск на Твитер.

– Маск се смета за лице на „Спејс Икс“, бидејќи тој е наш извршен директор и најистакнат портпарол, а секој твит што го објавува станува јавна изјава на компанијата. Важно е да им дадеме до знаење на нашите тимови и потенцијалниот собир на таленти дека пораките на Маск не ја одразуваат нашата работа, мисија и вредности, се наведува во писмото.

-Претседателката на „Спејс Икс“, Гвин Шотвел писмото на вработените го оцени како прекумерен активизам.

„Бизнис инсајдер“ (Business Insider) минатиот месец објави дека Маск недолично се однесувал и сексуално вознемирувал стјуардеса на „Спејс Икс“ за време на приватен лет, а компанијата им исплатила 250.000 долари на вработените да молчат за инцидентот.

Шотвел тогаш го бранеше Маск, наведувајќи дека тоа се лажни обвинувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски

Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

Предраг Петровиќ