Најмалку пет жртви по монсунските дождови кои го поплавија најголемиот град во Пакистан

Од:

Најмалку пет лица загинаа во обилни монсунски дождови кои викендов ги поплавија улиците на 15-милионскиот Карачи, најнаселениот град во Пакистан.

– Најмалку пет лица загинаа во различни делови на градот Карачи, соопшти Мохамед Шафи, портпарол на провинцискиот орган за управување со катастрофи. Oд почетокот на сезоната на монсунските дождови загинале уште 12 лица, додаде тој.

Пакистанската служба за управување со катастрофи за оваа сезона на монсуни предвидува 20 проценти повеќе дожд од вообичаено и ги повика локалните власти да преземат мерки за претпазливост.

Би можело да ве интересира

Пакистанскиот премиер сака јавни бесилки за силувачите, но тоа може да му ги расипе односите со ЕУ

А1он

Најмалку 19 загинати во одрон на карпи во рудник за мермер во Пакистан

А1он

Тридневни монсунски дождови во Пакистан, најмалку 90 загинати

Ана Ололовска

Најмалку 50 луѓе настрадаа во монсунско невреме во Пакистан

А1он

Пакистанскиот министер за здравство поднесе оставка

Ана Ололовска

Петмина пакистански командоси загинаа во акција против талибанци

Ана Ололовска