Најмалку пет жртви по монсунските дождови кои го поплавија најголемиот град во Пакистан

Од:

Најмалку пет лица загинаа во обилни монсунски дождови кои викендов ги поплавија улиците на 15-милионскиот Карачи, најнаселениот град во Пакистан.

– Најмалку пет лица загинаа во различни делови на градот Карачи, соопшти Мохамед Шафи, портпарол на провинцискиот орган за управување со катастрофи. Oд почетокот на сезоната на монсунските дождови загинале уште 12 лица, додаде тој.

Пакистанската служба за управување со катастрофи за оваа сезона на монсуни предвидува 20 проценти повеќе дожд од вообичаено и ги повика локалните власти да преземат мерки за претпазливост.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица