Најмалку осуммина загинати во експлозија во северо-источна Сирија

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 19 други се повредени во вчерашната експлозија во северно-источната провинција ал-Хасака во Сирија, соопшти Џентарот за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон, пренесе ДПА.

Центарот денеска соопшти дека до експлозијата дошло на пазар во градот Рас ал-Аин, што е под контрола на турските сили и сојузничките фракции.

Едно дете е меѓу загинатите, соопшти Центарот, додавајќи дека бројката на загинати веројатно ќе се зголеми бидејќи некои од повредените се во сериозна состојба.

Медицински извор во Рас ал-Аин за ДПА соопштија дека експлозивната направа била активирана на пазарот за зеленчук во градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети