Најмалку осуммина загинати во два напада во југозападен Пакистан

Од:

Најмалку осум луѓе загинаа, а 15 се повредени во два напада врз безбедносните сили во југозападната пакистанска провинција Белуџистан, соопшти армијата.

Нападите беа извршени денеска пред најавената посета на премиерот Имран Кан на Кета и на историската локација во градот Зиарат.

Првиот напад бил во близина на главниот град на провинцијата Белуџистан, Кета, а другиот во градот Турбат.

Во првиот инцидент милитантите нападнаа контролен пункт на безбедносните сили на периферијата на Кета бил, а армијата возврати при што загинаа четворица војници и четири бунтовници, а најмалку шест војници се повредени.

Милитантите поставиле импровизирана експлозивна направа во Турбат и ја активирале кога поминувало безбедносно возило. Во нападот повредени се два пакистански војници.

Белуџистан е најголемата, но најмалку населена и најмалку развиена провинција во Пакистан и е место на вооружена сепаратистичка кампања од бунтовниците Белуџ најмалку една деценија.

Одговорноста за нападите ја презеде Ослободителна војска на Белуџ (БЛА), која соопшти дека ќе продолжи со нападите до „возобновување на националната држава Белуџ“.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран