Најмалку осум сириски војници загинаа во напад на ИД

Од:

Борците на Исламска држава нападнаа сириски владини војници на истокот од земјата, убивајќи најмалку осуммина војници и парамилитарци, информираа денеска активистите од сириската Опсерваторија за човекови права, пренесе ДПА.

Уште 23-ца војници се поврдени во ноќешниот напад во пустински регион во источната провинција Деир ал-Зур, поранешно упориште на ИД во Сирија, наведе Опсерваторијата.

И четворица бунтовници на Исламската држава се убиени во судирите што следеа со владините сили во оваа област, соопштија наљудувачите од Опсерваторијата.

Во последниве месеци Исламската држава претрпе воени порази и загуби на територии во Сирија и во соседните земји.

Сепак, терористичката група пред извесно време изведе серија напади во овие земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети