Најмалку девет мртви во бомбашки напад во Багдад

Од:

Најмалку девет лица загинаа, а 23 се ранети денеска во бомбашки напад во центарот на Багдад, соопштија претставници на безбедносните и медицинските власти.

Нападот се случил во момент кога силите за безбедност се обидуваат да се справат со последиците од големата офанзива на екстремистите, предводена од џихадистите од групата Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ), кои целосно зазедоа една ирачка провинција и делови од други три.

Засега не е познато кој е одговорен за нападот во Багдад.

Претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека денешниот напад во центарот на Багдад е извршен со поставување на бомба покрај патот, додека полковникот на полицијата соопшти дека по првата експлозија следел самоубиствен бомбашки напад.

Портпаролот на ИДИЛ Абу Мохамед ал Адани најави дека неговите борци ќе тргнат кон Багдад и Кербала, град јужно од пресотлнината, кој се смета за едно од најсветите места на шиитите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад