Најмалку десет лица загинаа во експлозија во Сирија од бомбаш-самоубиец

Од:

Најмалку десет лица загинаа во експлозија во сирискиот град Рака откако бомбаш – самоубиец со возило налета на контролен пункт на силите, поддржани од САД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Тоа е една од двете експлозии кои одекнаа на две различни локации во градот во северна Сирија, кој претходно беше престолнина на Исламска држава.

Според Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, во нападот на плоштадот „Наим“ се убиени петмина борци и петмина цивили.

– Во пресрет на нападот, одекна уште една експлозија од бомба покрај пат во центарот на градот, се наведува во соопштението од Опсерваторијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град