Најмалку четворица загинати, 12 повредени во експлозија на две бомби во Египет

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени во експлозии на две бомби во близина на хотел во египетскиот град Ал-Ариш, најголемиот на Синајскиот Полуостров, во кој биле сместени судии учесници во избирачкиот процес во земјата, информираа безбедносни и медицински извори.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат британските медиуми.

Во експлозиите загина еден полицаец, додека двајца судии се повредени.

Државната телевизија и безбедносни извори наведоа дека прво експлодирал автомобил-бомба, а десетина минути подоцна во истата област одекнала и втората експлозија .

Бомбаш-самоубиец се обидел со автомобил бомба да влезе во хотелот пред безбедносните  сили да отворат оган врз него, по што автомобилот експлодирал, прецизираа безбедносни извори.

На местото на нападот, околу кој војската и полицијата веќе направиле безбедносен обрач, пристигнале возила на итната помош, информираа безбедносни извори.

До експлозиите доаѓа еден ден по завршувањето на вториот круг од парламентарните избори, наведуваат британските медиуми, потсетувајќи дека огранокот на Исламска држава во Египет – „Синајска провинција“, слични напади во овој регион изведувал и порано, во обид да ја собори владата во Каиро.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски