Најмалку 55 жртви во експлозија на цистерна во Нигер

Од:

Најмалку 55 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигер, објавија властите во Нијамеј.

Претседателот Махамаду Исуфу кој ги посети повредените, во болницата изјава дека експлозијата е „национална трагедија”.

Се очекува бројот на жртвите да се зголемува, бидејќи лекарите велат дека неколкумина повредени се наоѓаат во критична состојба.

Властите во Нигер веруваат дека експлозијата се случила откако цистерната се превртела на бензинска пумпа. Дошло до истекување на гориво, кое многу луѓе се обиделе да го соберат.

Многу луѓе загинале во слични несреќи во западна Африка, каде што сиромашните жители ги ризикуваат своите животи за да стигнат до гориво, кое протекува од нафтоводи или камиони.

Би можело да ве интересира

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Три лица загинаа, а 12 се повредени на патот Прешево-Бујановац

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

Во БиХ: Загинаа двајца фудбалери во сообраќајна несреќа

Неколку градежници загинаа во Хамбург