Најмалку 5 загинати и 10 ранети во напад на луксузен хотел во Сомалија

Од:

Најмалку пет луѓе загинаа и 10 се ранети во нападот на луксузен хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полициски извори, се уште се водат престрелки со напаѓачите кои држат заложници.

Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.

Во новоизградениот хотел „Елит“, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија.

Тој напад го прекина повеќемесечното примирје.

Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов