Најмалку 46 лица се повредени откако илјадници каталонски сепаратисти се судрија со полицијата во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона, каде што синоќа се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Уапсени се девет лица, а полицијата ги растера демонстрантите со фрлање пена.
Протестантите, пак, фрлаа кон полицијата стаклени шишиња.
Организатор на протестот е групата „Цунами демократик“, на која се придружија илјадниците демонстранти кои носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со порака „Шпанијо, седи и разговарај“.
Демонстрантите се собраа во близина на стадионот неколку часа пред почетокот на „Ел класико“, но до сериозни судири дојде за време на натпреварот.
Властите во Барселона ангажираа 3.000 припадници на полицијата и приватни фирми за одржување безбедност, а Владата во Мадрид испрати околу 500 припадници на единицата за спречување немири.
Екипите на Барселона и Реал Мадрид одиграа 0:0 во одложениот дуел од десеттото коло на Ла Лига.
Ова е прво „Ел Класико“ без гол по 17 години.