Најмалку 43 жртви во налет на тајфун на Филипини

Од:

Најмалку 43 луѓе ги загубија животите од налетот на тајфунот Бофа врз Филипини. Претходно таа цифра беше осум жртви на островот Минданао.

Бофа е најсилниот тајфун што оваа година ги погоди Филипините, и најпрво погоди во Баганга во источниот дел на островот Минданао. Тајфунот со себе носи ветрови со брзина од 175 километри на час.

Повеќе од 41 илјада лица беа евакуирани рано изутринава во околу илјада засолништа на островот, кои ги подготви Владата, изјави претставник на Цивилната заштита.

Илјадници жители ги напуштиле крајбрежните делови и планинските области стравувајќи од евентуални поплави и лизгање на земјиштето.

Локалните власти ги затворија училиштата, а прекинат е и поморскиот сообраќај во централниот регион Висајас и на Минданао. Околу сто внатрешни летови се исто така откажани.

Секоја година околу 20 силни бури и тајфуни ги погодуваат Филипините, најмногу во периодот од јуни до октомври, а Бофа е 16-от оваа година.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи