Најмалку 43 загинати во нов затворски бунт во Еквадор

Од:

Најмалку 43 затвореници загинаа во вчерашните судири меѓу ривалски банди во затвор во Еквадор, од каде околу стотина затвореници успеаја да побегнат искористувајќи ги инцидентите.

– Досега имаме 43 убиени затвореници, соопшти канцеларијата на главниот обвинител на Твитер, а министерот за внатрешни работи Патрисио Карило на прес-конференција рече дека има 41 жртва.

– Тринаесет лица се примени во болница, од кои неколку се тешко повредени, а бројот на жртвите може да се зголеми, коментира Карило.

Судирот избувна во затворот Белависта, во провинцијата Санто Доминго де лос Цачилас, околу 80 километри западно од главниот град Кито.

Директорот на еквадорската полиција изјави дека „напаѓачите покажале екстремна суровост“ и оти голем број затвореници успеале да избегаат за време на конфликтот.

Локалните власти не го соопштија бројот на бегалците, но информираа дека 112 се „фатени“, а 108 сè уште се „исчезнати“. Во затворот се испратени 250 полицајци, 200 војници и дополнително засилување“, рече тој.

Затворот Белависта, кој може да прими 1.200 затвореници, моментално има 1.700.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници