Најмалку 37 жртви во автобуска несреќа во Камерун

Од:

Повеќе од 37 лица загинаа, а 18 се тешко повредени кога автобус синоќа удри во камион во селото Немале во западен Камерун, соопштија локалните власти.

Автобусот со повеќе од 60 патници бил на пат кон главниот град Јаунде од градот Фумбан и удри во камион, обидувајќи се да избегне група луѓе кои оделе по патот околу 2 часот по полноќ, изјави владиниот претставник Мононо Волоа.

– Повеќето патници патувале за да ја поминат Новата година со своите семејства, оние кои се враќале по Божиќните празници или деловни луѓе со подароци за новогодишните празници, рече тој.

Селаните излегле да им помогнат на луѓето на местото на несреќата, рече Волоа.

Според него, бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем, бидејќи членовите на спасувачките екипи сè уште трагаат по загинати и повредени.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он

(ВИДЕО) Трагедија на Африканскиот куп на нации: Седум загинати во стампедо пред натпреварот, меѓу повредените деца

Ана Ололовска