Најмалку 30 мигранти исчезнале и се стравува дека се удавиле по превртување на брод кај брегот на Тунис

Од:

Најмалку 30 мигранти се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви, откако нивниот брод денеска се превртел во Медитеранот, во близина на брегот на Тунис, соопшти Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ИОМ) , пренесе ДПА.

ИОМ на Твитер соошти дека досега се извлечени телата на шест мигранти.

Бродоломот го преживеале 34 мигранти, кои биле спасени од туниските власти. Бродот тргнал вчера од Либија, а на него имало 70 мигранти, додаде ИОМ.

Либија е главната транзитна рута за мигрантите, кои се обидуваат да стигнат до Европа по море откако во оваа северноафриканската земја завладеа хаос по бунтот во 2011 година, со кој беше соборен долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи, појаснува ДПА.

Секоја година, илјадници мигранти ги ризикуваат своите животи преминувајќи од Тунис и Либија во потрага по подобар живот во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто